Брутален нокаут на Поветкин – Вајт остана „патосиран“ (видео)

Суперинтересна беше синоќешната пресметка меѓу Александар Поветкин и Дилиан Вајт, во која рускиот боксер го изненади американскиот фаворит, нокаутирајќи го со извонреден аперкат во петтата рунда.

Вајт беше супер-фаворит, со триумф ќе си обезбедеше шанса да го предизвика победникот од мега-дуелот Фјури – Џошуа и ќе добиеше можност да се бори за тронот во тешка категорија, но преголемата самоувереност скапо го чинеше Американецот. Тој целосно доминираше во првите четири рунди, во кои Поветкин двапати се наоѓаше на подот, но успеваше да стане.

И кога се чинеше дека е само прашање на време кога Вајт ќе го нокаутира Русинот, се случи спротивното. Американскиот боксер за момент ја загуби концентрацијата, а Поветкин со брутален аперкат го „патосираше“.

Се вчитува...