Брутален „трипл-дабл“ на Јокиќ – Неверојатни 18 асистенции за еден центар (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер загубија од Њу Орлеанс со 115-110 во синоќешниот натпревар од НБА лигата кој го одбележа 109-от „трипл-дабл“ во кариерата на Никола Јокиќ.

Српскиот центар на терен мина 36 минути и за тоа време постигна 26 поени, дополнети со неверојатни 18 асистенции за еден центар и 16 скока. Со овој „трипл-дабл“ Јокиќ го израмни својот рекорд од 18 асистенции во кариерата од мечот против Хјустон во 2020 година.

Најголема помош на мечот имаше од Кристијан Браун кој постигна 25 поени, имаше и девет скока и три асистенции. Мајкл Портер, пак, дополни со 18 поени и 11 скока, додека Гордон и Џексон запишаа по 14 поени.

Во победничкиот тим Зајон Вилијамсон постигна 26 поени, а Јонас Валанчунас дополни со 22 поени и осум скока.

Се вчитува...