Брутална одмазда на Данците против Македонија

Македонската ракометна репрезентација го претрпе својот прв пораз во квалификациите за ЕП 2022 откако нашите ракометари попладнево загуби на гостувањето против Данска со резултат 37-21. Данците очекувано се одмаздија за поразот во Скопје, максимално доминирајќи на терен против подмладената Македонија, каде недостигаа најискусните ракометари, Кире Лазаров, Миркуловски и Стоилов.

Во нападот сепак одигравме солидно во првите десетина минути, кога противникот водеше со 6-5, за потоа Данска за само неколку минути да поведе со 10-6. Тајмаутот на Лазаров не донесе премногу новини во нашата игра, данската одбрана делуваше цврсто, а згора на тоа се разбрани и Мелер, кој токму по тајмаутот го замени Ландин. Данците имаа најубедливи „плус осум“, Македонија успеа да намали на 17-10 на крајот на полувремето, предност што можеше да изнесува и „минус шест“ ако Манасков го реализираше пеналот.

Данска во второто полувреме продолжи онаму каде што застана во првиот дел, набрзина поведувајќи со 22-11 по неполни 34 минути игра. Лазаров повторно се обиде со тактика „седум на шест“, па во 40. минута ја спуштивме разликата под десеет откако Талески биеше прецизно за 25-16. Сепак, Данска набрзина повторно влезе во ритам, па тигна и до најубедливи „плус тринаесет“ (30-17), пред се благодарение на извонредниот Мелер кој за нешто повеќе од триесет минути на теренот собра 16 интервенции. Остатокот од мечот беше рутина за светските шампиони, кои на крајот заслужено славеа со убедливи 37-21.

Филип Кузмановски беше најефикасен во македонскиот состав со пет погодоци, по три гола постигнаа Пешевски и Велковски, а по двапати прецизни беа Георгиевски, Костески и Маркоски. Најефикасни во данскиот национален состав при денешниот триумф беа Гидсел со седум и Хенрик Тофт Хансен со пет гола.

Македонија до крајот на овие квалификации треба да ја пречека Швајцарија и да и гостува на Финска, мечеви на кои се очекуваат позитивни резултати за да се освои најмалку второто место во групата, кое треба да донесе и нешто полесни противници во ждрепката за групната фаза од ЕП 2022.

Се вчитува...