Бруталниот свет на фудбалот: Додека се вади телото на Сала – Нант си ги бара парите

Францускиот клуб Нант се најде на удар на јавноста откако покажа крајна нечувствителност, инсистирајќи на парите од трансферот на Емилијано Сала истиот ден кога се почна со процесот на извлекување на телата од паднатиот авион.

Кардиф треба да плати рекордни 15 милиони фунти за аргентинскиот ас, кој го загуби животот во страшната несреќа без воопшто да одржи ниту еден тренинг за велшкиот клуб. Челниците на Кардиф најавија дека ќе ја стопираат исплатата до утврдувањето на фактите, но во Нант очигледно се нестрпливи да ја добијат првата од трите предвидени рати.

„Ние секако ќе платиме, но мора да се утврдат причините за несреќата. Искрено, шокирани сме од начинот на кој Нант реагира, заканувајќи се дури и со тужби доколку не ги добие парите, и тоа на истиот ден кога се прават максимални напори за извлекување на телото најдено во авионот“ – порачуваат од Кардиф.

Се вчитува...