Брутално ликвидиран „штитеникот“ на Флојд Мејведер

Американскиот боксер Дани Гонзалез брутално е убиен во Калифорнија, пренесуваат американските медиуми. 22-годишникот кој е „штитеник“ на еден од најдобрите боксери на сите времиња Флојд Мејведер бил со своето семејство кога му дошол убиец и испукал куршум во него. Тој на лице место починал, а повредени се уште двајца малолетници и еден постар човек.

„Со тага јавуваме дека Дани Гонзалез трагично настрада“, напиша претседателот на ВБЦ организацијата. 

На младиот боксер му се предвидуваше голема кариера. Во аматерскиот боксер имаше скор од 96-13, а во професионалниот беше без пораз. Мејведер имаше големи симпатии кон него и затоа го донесе во својата агенција.

Се вчитува...