Брутално насилство по кошаркарското финале во Косово: Две лица избодени во Косовска Митровица (ВИДЕО)

По финалниот натпревар меѓу Трепча од Косовска Митровица и Голден игл од Сува Река се случило брутално насилство во кое две лица избодени побарале медицинска помош, пренесува „Кланкосова.тв“.

Оваа вест ја потврди и портпаролот на полицијата за регионот на Косовска Митровица, Авни Захити кој истакна дека интервенерила Брзата помош и двете лица на време се хоспитализирани.

„Околу 21.30 часот е пријавено дека две лица по кошаркарскиот натпревар се повредени со остар предмет и побарале помош во Брзата помош на регионалната болница во Митровица. Полицијата го расчистува случајот“ – информираше Захити.

„Кланкосова.тв“ пренесува дека инцидентот се случил на трибините по завршувањето на финалето од плејофот. По 12 години, Трепча ја освои титулата откако во „мајсторката“ славеше со 67-66, што е нивна петта титула во историјата на клубот.

Се вчитува...