Брзечек: Нашиот квалитет е и во добрата клупа

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Полска ја совлада Македонија со 2-0 и обезбеди пласман на ЕП 2020, а селекторот Јержи Брзечек вели дека пресуден фактор секако е поголемиот фонд на квалитетни фудбалери со кои располага. Многу често токму играчите од клупата ги решаваат мечевите на Полска, како што беше случај и вечерва.

„Заслужено победивме, бевме подобри од Македонија. Головите дојдоа во финишот, а претходно двапати ја погодивме рамката од противничкиот гол. Силата на Полска е и на клупата за резерви. Имаме одлични фудбалери кои можат да влезат и да го променат ритамот на натпреварот. Мислам дека дури осум гола во овој циклус постигнаа фудбалери кои го почнале мечот на клупата за резерви. Остваривме пласман на ЕП, но ќе играме максимално до крајот затоа што сакаме да го освоиме првото место во групата“, изјави селекторот на Полска, Јержи Брзечек.

Се вчитува...