Првиот фаворит во групата, селекцијата на Полска, има максимален респект кон македонскиот национален тим во пресрет на утрешниот квалификациски меч на „Тодор Проески арена“. Селекторот Јиржи Бржечек знае дека на неговите избраници воопшто нема да им биде лесно на ова гостување, но и свесен е дека Полска го носи бремето на фаворит.
„Македонија е квалитетен состав, ќе игра пред домашна публика и знаеме дека нема да биде лесно да освоиме бодови во Скопје. Но, не бегаме од улогата на фаворити и свесни сме за нашиот квалитет. Ќе биде тежок натпревар, а ние посакуваме триумф за да ја продолжиме победничката низа во овие квалификации. Пандев е главниот адут на Македонија, но домаќинот го карактеризира и одлична тимска игра. И двете селекции играат напаѓачки, но не секогаш тројца напаѓачи значат и голови“, изјави селекторот на Полска.
Полскиот репрезентативец Камил Глик најави голема борба и ја потенцираше желбата на Полска да стигне до триумф во Скопје.
Мечот меѓу Македонија и Полска е закажан за утревечер, со почеток во 20.45 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА