Брзичек: На Македонците им пораснаа апетитите, но ние на ЕП ќе одиме

Селекторот на Полска, Јержи Брзичек се соочува со огромен притисок од полските медиуми и домашната фудбалска јавност поради слабите игри на неговата селекција, и покрај победата во Летонија, и покрај фактот дека Полска е пред промоција како учесник на ЕП 2020.

Полјаците не смеат да загубат од Македонија, па Брзичек најавува далеку поквалитетна игра на неговите избраници и веќе утре обезбеден пласман на Европското првенство.

„Македонија во Полска допатува со огромна самодоверба по онаа победа над Словенија, со пораснати апетити и желба за позитивен резултат и во Варшава. Може да кажам дека во модерниот фудбал сега веќе нема изразите фаворити. Затоа ќе треба добро да се потрудиме да извојуваме триумф против Македонија. Јасно е дека ќе играме максимално, без потценување, и се надевам дека ќе обезбедиме учество на ЕП“ – истакна Брзичек на денешната прес-конференција.

А, околу нетрпеливоста која, наводно, владее меѓу поединци во репрезентацијата…

„Јас не гледам нетрпеливост, ниту нервоза во соблекувалната. Фудбалерите се единствени и заеднички жестоко ќе се борат за триумф на утрешниот дуел“ – истакна полскиот селектор.

Се вчитува...