Бубакари Сомар „слета“ во Лестер (ФОТО)

Лестер продолжува со составување на тим кој следната сезона ќе се обиде да избори место во Лигата на Шампионите и да се прикаже во најдобро можно светло во Лига Европа. По потписот со Патсон Дака, денеска тимот го официјализира и трансферот на Бубакари Сомар.

Играчот од средниот ред во Премиерлигата доаѓа како шампион на Франција со Лил, тим за кој одигра 40 натпревари во сите конкуренции претходната сезона, а успеа да забележи и две асистенции. Овој трансфер го чинеше Лестер 28 милиони евра.

Се вчитува...