Будучност останува во игра во финалето на АБА против Црвена Звезда

Кошаркарите на Будучност ја спасија првата меч топка откако триумфираа против Црвена Звезда со 75-71 во третиот натпревар од финалната серија во регионалната АБА лига. Гостите подобро го отворија натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 15-19.

Сепак, следеше добра игра во следните две четвртини на Црногорците што беше доволно за прв триумф во финалната серија и намалување на резултатот на 2-1. Амедео дела Вале со 17 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Џордан Лојд заврши со 19 поени.

Четвртиот натпревар од финалната серија е закажан за во понеделник.

 

Се вчитува...