Будуќност е првиот финалист во АБА!

Екипата на Будуќност ја оправда фаворитската улога во полуфиналната серија против Морнар, триумфирајќи и во вториот натпревар со 81-92, со што го запиша своето место во финалето на регионалното натпреварување.

По изедначениот натпревар во првото полувреме, Будуќност успеа го скрши отпорот на домаќините во третата четвртина по која имаше предност од 67-79, a последната четвртина беше само формалнсот во која домаќинтие се обидоа да се вратат во средбата, но немаа шанси за целосен пресврт.

Дерик Нидам беше првото име во домашниот тим со 16 поени и 4 асистенции, додека Смит додаде 12 поени и 6 скока. За гостите блесна Кобс со 21 поен и 4 скока, додека него го следеше Дела Вале со 17 поени и 3 украдени топки.

Во финалето Будуќност ќе се сретне со подобриот од „мајсторката“ помеѓу Црвена Звезда и Игокеа која ќе биде одиграна во вторник во главниот град на Србија.

Се вчитува...