Будуќност е ривалот на „вардарки“ во финалето од ВРХЛ

Будуќност е противникот на ЖРК Вардар во премиерното издание на регионалната ВРХЛ-лига, откако црногорскиот првак сосема очекувано славеше во полуфиналето против Крим Меркатор со 31-23.

Откако „вардарки“ претходно лесно ја оправдаа фаворитската улога против Подравка, истото беше случај и со ракометарките на Будуќност, кои сите дилеми околу победникот ги решија уште во првото полувреме, кое го добија со 17-12. Вторите 30 минути беа рутина за избраничките на Аџиќ, кои свесно сочуваа и дел од силите за утрешното финале против Вардар.

bajramovska krim buducnost

Неагу со седум гола беше најефикасна кај црногорскиот шампион, Булатовиќ постигна шест, а Цвијиќ и Јауковиќ го завршија натпреварот со по четири гола.

Се вчитува...