Будуќност ослабен во пресметката со Вардар

Ракометарките на Вардар утре го продолжуваат својот настап во Лигата на шампионите со гостувањето на пеколно тешкиот терен во Подгорица. „Црвено-црните“ во претходните сезони ниту еднаш не успеале да го совладаат Будуќност на гостински терен, подвиг што ќе се обидат да го направат на утрешниот меч, а во нивни прилог одат и проблемите со повреди со кои се соочува црногорскиот шампион во пресрет на овој натпревар.

Верувам дека ќе одговориме на предизвикот против Вардар, да не заборавиме дека станува збор за тим што е без пораз во ЛШ сезонава и моментно е првопласиран во нашата група. Нема да биде лесно бидејќи имаме и проблеми, нема да играат Раичевиќ, Нововиќ и Маловиќ, тоа е голем хендикеп, но девојките кои се здрави работеа напорно во овој период. Верувам во нив и во наша победа, ние секогаш играме најдобро против најдобрите ривали, очекувам тоа да го потврдиме и в недела против Вардар“ – изјави тренерот Драган Аџиќ.

Во досегашните седум пресметки на овие два тима во ЛШ Будуќност има скор од четири победи, две реми и еден пораз. Дуелот меѓу Будуќност и Вардар на програмата е в недела со почеток во 19.30 часот.

Се вчитува...