Будуќност прв го зеде скалпот на Црвена Звезда во АБА

Будуќност остана единствен непоразен тим во АБА-лигата сезонава откако црногорскиот првак славеше на големото дерби со Црвена Звезда, на гостински терен со резултат 65-67. „Црвено-белите“ влегоа во овој меч со скор 8-0, Будуќност имаше 5-0 по неколкуте одложени средби поради коронавирусот, но Црногорците со одлично дефанзивно издание го зедоа скалпот на голеиот ривал.

Во текот на целиот натпревар се водеше израмнета борба, а на „црвено-белите“ им недостигаше вообичаениот учинок на Џордан Лојд, кој вечерва не беше на потребното ниво (10 поени со шут 3/12 и пет загубени топки). Мора да се истакне и чудната одлука на тренерот Обрадовиќ при последниот напад на Будуќност при „минус два“ и 26 секунди до крајот да не прави прекршок. Црногорците умешно го истрошија времето, па по промашувањето домашниот тим имаше можност само за удар на Давидовац од под сопствениот кош, со што ова дерби заврши со радост на гостите од Подгорица.

Никола Ивановиќ со 20 поени беше прв играч на Будуќност во овој дерби-триумф, Кобс постигна 11, додека најефикасен во редовите на Црвена Звезда беше Давидовац со 13 поени.

Се вчитува...