Будуќност со ново засилување за АБА – потпишан репрезентативец на Канада

Будуќност направи сериозен ремонт во играчкиот кадар во текот на летово, но нема сомнеж дека црногорскиот првак повторно ќе има сериозен ростер со кој ќе атакува на висок пласман во АБА-лигата.

„Сино-белите“ од Подгорица неодамна го потпишаа Арон Вајт од Црвена Звезда, а денеска официјализираа уште еден трансфер, потпишувајќи договор со Воли Тре Бел-Хејнс, канадски репрезентативец кој настапува на плејмејкерската позиција. Тој ланската сезона ја мина во шпанскиотпрволигаш Бреоган, на маса имаше некоку интересни понуди, за на крајот да пресече потпишувајќи за Будуќност.

„Возбуден сум што доаѓам во овој клуб. Ланската сезона ја минав во силната АЦБ-лига, но сакам да напредувам од година во година, затоа и доаѓам во Будуќност, клуб со кој ќе играм во АБА, но и во Еврокупот, второто по квалитет европско натпреварување“, изјави канадскиот ас во дресот на црногорскиот кошаркарски гигант.

Будуќност претходно ги ангажираше Кенан Камењаш, Камерон Рејнолдс, Фил Бут, Александар Лазиќ, Алекса Илиќ, Алфа Каба и Арон Вајт.

Се вчитува...