Џанлуиџи Буфон, легендарниот италијански голман кој има 43 години и натаму е активен во дресот на Парма, призна дека за малку ќе се пензионирал во 2018 година, кога заминал од Јувентус.
Буфон призна дека сакал да замине во пензија со Мундијалот во 2018 година, меѓутоа откако Италија не успеа да обезбеди учество на истиот, Буфон се реши да се откаже од италијанскиот дрес по поразот во баражот од Шведска. Тој призна дека целосно ќе ја завршел кариерата доколку не стигнала понудата од ПСЖ.
„Со мојот агент разговарав во февруари 2018 година. Реков дека Мундијалот ќе биде последна моја активност, а дека ќе продолжам само доколку стигне понуда од Реал Мадрид, Барселона или ПСЖ. И дојде од ПСЖ“, рече Буфон, пренесува „Газета“.
Буфон мина во ПСЖ една сезона, а потоа повторно се врати во Јувентус, тим во кој го мина најголемиот дел од кариерата. По две сезони во Јуве, на почетокот на оваа сезона се врати во Парма. Веројатно оваа сезона ќе му биде последна во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА