Буфон: Дојдов во Јуве на велосипед, си заминувам гордо стоејќи

Јувентус попладнево ја пречека Верона, меч што ќе остане запаметен како последен во дресот на „старата дама“ на Џанлуиџи Буфон. Легендарниот голман летово ќе си замине од таборот на најтрофејниот италијански клуб, а Буфон пред својата последна епизода во црно-белиот дрес со емотивно писмо се прости од навивачите на „старата дама“, потсетувајќи се на своите први денови како член на овој гигант.

„6111 денови. Моменти на чисти страст и љубов. Моменти на радост, солзи, порази и победи. Благодарност до секој од вас, бидејќи секој од вас помогна тој момент од мојот живот да биде специјален. Денеска се завршува и книгата што ја испишавме заедно. Премногу емоции… дојдов на велосипед на стадион, бев толку млад. Сега сакам да си заминам стоејќи исправено и да го запаметам секој момент. И ово место ќе го нарекувам свој дом, засекогаш. Да ги поздравам колегите и пријателите кои никогаш нема да престанам да ги нарекувам „фратели“. Се до крај, засекогаш Вас, Џанлуиџи Буфон“ – порача легендарниот голман.

Се вчитува...