Буфон емотивно се збогуваше со својот пријател: „Алекс ти остана независен од зависноста на фудбалот“

Фудбалскиот свет денеска потресен по веста дека поранешниор голман на Јувентус и Арсенал, Александар Манингер, загина во сообраќајна несреќа на 48-годишна возраст.

Трагедијата се случи на незаштитен премин на локалната железница во Салцбург, во градот Нусдорф ам Хаунсберг, според локалната полиција.

Џанлуиџи Буфон, поранешниот голман на Јувентус и поранешен соиграч на Манингер, се збогува со австрискиот голман.

„Драг Алекс, секој збор е излишен. Секоја солза би била само уште една за загубата на пријател и личност на која отсекогаш и се восхитував. Ти избра да останеш независен од зависноста од светот на фудбалот, барајќи ја својата среќа во едноставни работи: здрав живот во шумата, риболов, природа, семејство. Тоа беше твоето верување“ – напиша Буфон и дополни:

„Во свет кој често е поклонет и покорен, кој брка супремација, кариеризам и лесни пари, секогаш ја нагласуваше својата слобода, стоејќи исправено, со гордост на некој што знае што сака. Имаше сила да се оддалечиш од сето тоа и да нè погледнеш со таа малку иронична насмевка, како да велиш: „Сите сте луди, никогаш нема да ме имате“. Се надевам, згора на тоа, сигурен сум, дека ќе продолжиш да ги водиш твоите прекрасни деца и твојата млада сопруга одозгора. Почивај во мир.“

Манингер беше првиот Австриец кој некогаш играл за Арсенал и ја освои титулата во Премиерлигата и ФА Купот со „топчиите“ во сезоната 1997/98. Голманот го напушти Хајбери во 2002 година.

Потоа играше за десет различни клубови, вклучувајќи ги Торино, Салцбург, Удинезе и Јувентус, пред да се врати во Премиерлигата. Откако го напушти Аугсбург во 2016 година, Манингер тренираше со Ливерпул за да ја одржи конкурентната форма додека бараше нов клуб.

Се вчитува...