Буфон ги мина лекарските прегледи, останува уште потписот за ПСЖ

Џанлуиџи Буфон утрово пристигна во Париз, за конечно да стави крај на шпекулациите околу неговата иднина и да потпише договор со екипата на ПСЖ. Искусниот голман по долги години реши да си замине од Јувентус, „светците“ веднаш покажаа сериозен интерес и го убедија Буфон да им се придружи нудејќи му двогодишен договор.

Италијанецот денеска ги мина и лекарските прегледи, по што веќе нема никаква пречка за потписот на договорот, кој е најавен за понеделник.

Тренерот Томас Тухел по голманската, сега сака да ја засили и одбранбената позиција во тимот, а на врвот од неговата листа со желби се наоѓа Леонардо Бонучи од Милан.

Се вчитува...