Буфон го менуваше дресот со синот на Турам со кого играше заедно во Парма… (ВИДЕО)

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон го смени дресот со синот на својот некогашен соиграч од Парма, Лилијан Турам.

Маркус Турам играше на синоќешниот дуел за Гингамп против ПСЖ. А, роден е во време кога Буфон со неговиот татко играа за Парма во Серија А. Буфон и стариот Турам заедно играа пет години, а потоа заедно играа и во Јувентус.

20 години подоцна, синот на Лилијан играше 75 минути на мечот против ПСЖ во кој Гингам загуби со 1-3. А, по крајот на средбата не можеше да ја избегне и срдечната средба со големиот пријател на неговиот татко…

Се вчитува...