Буфон горд на себе: Покажав зошто не сум во пензија

Џанлуиџи Буфон доби шанса на голот на Јувентус на синоќешниот дуел со Барселона и искусниот голмн блесна во сиот свој сјај. Ветеранот на 42-годишна возраст имаше седум успешни интервенции и не дозволи Меси и соиграчите да ја затресат неговата мрежа, давајќи огромен придонес за Јуве да стигне до убедлив триумф и да ја прескокне Барса на врвот од табелата во групата.

Ова беше прв натпревар на Буфон во Шпанија по контроверзниот дуел со Реал Мадрид, кога Јуве беше елиминиран со пенал во судиското продолжение, а ветеранот доби црвен картон од англискиот судија Оливер.

„Дали сум возбуден? Секако дека сум возбуден, ова е меч што ќе го паметам уште долго, не се случува секој ден да се победи Барса со 0-3. Ова ми е враќање на долгот за оној меч во Шпанија што заврши 1-3, доказ дека одмаздата доаѓа ако работиш напорно и ако си трпелив. Многу ми значи што не примив гол, им покажав на сите зошто се уште играм, зошто не сум во пензија. Се уште имам соништа, амбиции пред себе, затоа продолжувам. Знам дека не сум прва опција, но тука сум да им помогнам на момците. Благодарност до Шчешни што понекогаш ме пушта да бранам и до тренерите кои веруваат во мене“, изјави Буфон по натпреварот.

Се вчитува...