Буфон ќе биде првиот подарок од Рома за Мурињо

Џанлуиџи Буфон би можел да стане првото засилување на Жозе Мурињо како тренер на Рома, откако трофејниот стручњак изразил желба да го доведе ветеранот на „Олимпико“. Мурињо ќе прави „ремонт“ во Рома, но ќе нема преголем буџет на располагање, поради што планира да доведе неколку засилувања како слободни играчи во тимот.

На врвот на оваа листа со желби се наоѓа токму Буфон, во кого Мурињо гледа идеален лидер на тимот, на теренот и надвор од него. Португалецот веќе остварил контакт со легендарниот голман, презентирајќи му ги сопствените планови за проектот во Рома.

Буфон веќе објави дека си заминува од Јувентус, но и дека ќе ги одбие сите понуди од странство и дека единствена опција за продолжување на кариерата му е во некој друг италијански клуб. Аталанта исто така е сериозна опција, но Мурињо е оптимист дека ќе успее да го убеди ветеранот последната сезона во кариерата да ја мине на голот на „римската волчица“.

Се вчитува...