Буфон ќе брани против Верона, го стигнува рекордот на Малдини

Џанлиуџи Буфон се прости од Јувентус во емотивниот натпревар во мај 2018 година, но искусниот голман по една година во ПСЖ реши да се врати назад во таборот на „старата дама“. Јуве денеска повторно игра дома со Верона, а тренерот Сари веќе објави дека тоа ќе биде прв овосезонски настап на Буфон, кој ќе го замени Шчешни на голот на „црно-белите“.

Ова ќе биде вкупно 902. натпревар во кариерата на Јувентус, со што тој ќе го израмни рекордот на Паоло Малдини како италијански фудбалер со најмногу настапи во кариерата. Во текот на сезонава Буфон ќе го урне рекордот на екс-капитенот на Милан, но цел на голманот е да урне уште едно фантастично остварување на Малдини, она за најмногу настапи во „Серија А“.

Паоло Малдини има 640, Буфон 633, но сезоната е долга и легендата на Јувентус сигурно ќе добие можност да царува и во оваа категорија од историјата на италијанскиот фудбал.

Се вчитува...