Џанлуиџи Буфон бранеше одлично на првите натпревари на голот на ПСЖ, но ветеранот на следните два меча ќе му го отстапи своето место на младиот Ареола, кој ќе добие шанса да ги покаже своите квалитети на дуелите со Анжер и со Ним.
Ова денеска го потврди тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, најавувајќи дека е подготвен за ротација на голманите и во текот на сезоната.
„Не сакам да го оставам Буфон на клупата, но од друга страна и Ареола мора да влезе во ритам. Затоа, Џиџи ќе биде на клупата против Анжер и Ним, по што пак ќе се врати на голот. Буфон бранеше одлично на претходните три натпревари, очекувам во ист стил да продолжи и Ареола“ – изјави Тухел на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА