Буфон не брани против Рома, Јуве најверојатно и без Манџукиќ и Де Шилјо

Јувентус е второпласиран на табелата во Серија А со самое ден бод заостанување зад лидерот Наполи, но „старата дама“ веќе следниот викенд ја очекува нов дерби дуел, пресметката на домашен терен против Рома. Тренерот Алегри се мачи со повредите на неколку стандардни првотимци, а веќе една работа е сигурна, Џанлуиџи Буфон нема да ја брани мрежата на Јуве на овој натпревар.

Невозможно е Џиџи да се појави на голот. Тој се мачи со повреда, нема воопшто да тренира до петок, така што сигурно нема да биде во комбинација за Рома. Добра вест е што Кјелини почна со тренинзи и би требало да е „фит“ за настап“ – истакна Алегри.

Јувентус претходно, утре ќе го игра дуелот со Џенова во рамките од Купот на Италија, натпревар на кој Алегри нема да може да смета на уште двајца стандардни првотимци, Де Шилјо и Манџукиќ, кои се повредија против Болоња минатото коло.

Де Шилјо и Манџукиќ се повредени, правиме што можеме за да ги оспособиме за настап против Рома. На дуелот со Џенова сигурно нема да играат, додека Дибала ќе биде стартер“ – најави тренерот на „старата дама“.

Се вчитува...