Италијанската фудбалска легенда Џанлуиџи Буфон најверојатно ќе ја продолжи кариерата за уште една сезона, а исто така ќе биде дел и од селекцијата на „аѕурите“ на претстојните пријателски натпревари со Аргентина и со Англија на крајот на март.
Легендарниот чувар на мрежата на Јувентус во интервју за италијанските медиуми за првпат го откри и својот идол меѓу голманите, кој е најголемиот мотив за тоа што Џиџи Буфон всушност и стана еден од најдобрите во историјата. Доаѓа од Камерун, се вика Томи Н’коно. Тој од 1982 до 1991 година го бранеше голот на шпанскиот прволигаш Еспањол и речиси две децении беше голман на фудбалската репрезентација на Камерун.
„Мојот идол доаѓа од Камерун. Се работи за Томи Н’коно. Од него почна се, поради него се вљубив во голманската приказна. Исто така, голем пријател сум и со Роџер Федерер. Драго ми е што тој пред неколку години изјави дека јас сум неговата спортска мотивација“, изјави Џанлуиџи Буфон.
Селекторот Џанлуиџи ди Бјаџо најави дека веќе разговарал со Буфон и очекува искусниот голман на следните натпревари да се врати во националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА