Буфон откри што му рекол на Роналдо по „епските ножички“

Реал Мадрид пред две сезони како гостин го растури Јувентус среде Торино, меч што ќе остане запаметен по спектакуларниот гол со „ножички“ што Кристијано Роналдо го постигна крај Џанлуиџи Буфон. Италијанскиот голман по мечот го прегрна врвниот стрелец, а две години подоцна Буфон откри и како течел разговорот со Роналдо.

Го прашав колку години има, ми се насмевна и ми одговори: Триесет и три, не е лошо, нели? Тогаш и двајцата почнавме да се смееме“ – изјави Буфон.

Ветеранот не крие дека веднаш по примениот еврогол бил многу нервозен…

Тоа е еден од оние моменти кои само докажуваат дека јас не можам да мразам никого. Во првите дваесетина секунди бев многу исфрустриран, но потоа размислив и ми стана јасно дека голот беше маестрален. Роналдо направи нешто неверојатно и заслужи да му се честита на тоа по последниот свиреж“ – додаде италијанскиот голман.

Се вчитува...