Буфон откри за што најмногу се срами во животот

Славниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ќе запомнет како еден од најдобрите во историјата. Во текот на долгата кариера броеше настапи за Парма, Јувентус и ПСХ освојувајќи и бројни трофеи во италијанското првенство, но и со италијанската репрезентација со која се искачи на врвот на светот.

Буфон со уште 18 години беше ѕвезда во Италија, а сега се присети на еден момент од младите денови притоа откривајќи ја причината и поради која најмногу се срами.

„Направив многу грешки додека бев млад. Од тоа што најмногу се срамам е купувањето на средношколската диплома. Никогаш не би го направил тоа бидејќи е нечесно. Не сакам скокајќи ги пречките да дојдам до успех. Но, ете, не сум совршен и затоа мислам дека сум близок со луѓето“, откри Буфон.

Се вчитува...