Буфон по завршувањето на кариерата добива функционерска позиција

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, по завршувањето на играчката кариера ќе добие функција во Фудбалската федерација на Италија.

Буфон (40) неодамна изјави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната доколку со Јувентус ја освои титулата во Лигата на шампионите, што е еден од ретките трофеи што му недостасува во богатата колекција, по три порази во финалињата на ЛШ. Но, и доколку Јувентус не ја освои ЛШ, голема е веројатноста дека за Буфон ова ќе биде последна сезона во богатата голманска кариера.

По неуспехот на Италија во квалификациите за СП 2018, искусниот голман се повлече од репрезентацијата, а договорот со Јувентус му истекува на крајот на јуни. Според италијанските медиуми, за Буфон ќе биде обезбедена функција во националната федерација поврзана со репрезентативните активности.

Буфон со репрезентацијата на Италија ја освои шампионската титула на Светското првенство во 2006 година, а на голот на „аѕурите“ има 175 настапи.

Се вчитува...