Буфон: Поради Парма го одбив Јунајтед, а Сити поради Јувентус (ВИДЕО)

Една од најголемите голмански ѕвезди во историјата на фудбалот, легендата на Јувентус кој сега е во редовите на Пар Сен Жермен, Џиџи Буфон во интересно интервју со Рио Фердинанд раскажува специфични детали од кариерата. Тој зборува за периодите кога поради Парма го одбил Манчестер Јунајтед, а потоа поради Јувентус не сакал да премине во Манчестер Сити.

Во периодот кога Буфон беше во Парма, Алекс Фергусон го следел три години, испраќал скаути, а на крајот дошла и понудата. Но Џиџи одбил и решил да остане во Италија.

Потоа во времето на Јувентус, кога Сити почна да гради шампионска екипа, а Буфон беше најплатениот голман во светот, сопствениците на клубот не штеделе пари за богата понуда. Но, Буфон повторно одбил да оди во Премиер-лигата.

Џиџи Буфон го брани голот на Пари Сен Жермен и е во обид да го освои едниствениот трофеј кој му недостасува, Лигата на шампионите.

 

 

 

 

 

Се вчитува...