Џанлуиџи Буфон дефинитивно ќе си замине од Јувентус на крајот од сезонава откако не успеа да се договори за продолжување на соработката со „старата дама“. Управата на Јуве му понуди на ветеранот директорска функција, но Буфон е решен да си замине и да игра уште една сезона.
Италијанската фудбалска легенда во изјава за „Беин Спортс“ потврди дека летово дефинитивно ќе го напушти најтрофејниот клуб на Апенинскиот полуостров.
„Одлуката е донесена – си одам од Јувентус на крајот од сезонава, нема да го продолжам договорот. Мојата иднина е јасна, летово мојата прекрасна авантура во Јуве дефинитивно ќе заврши. Му дадов се на Јувентус, за возврат доби се, па дури и повеќе. Нема веќе што да се стори, ова е крај на еден природен циклус“, изјави Буфон, кој е поврзуван со преселба во Аталанта.
Џанлуиџи Буфон дојде во Јувентус во 2001 година од редовите на Парма. Тој во 2018 година си замина од таборот на „црно-белите“ селејќи се во ПСЖ, но една сезона подоцна се врати назад во Јуве.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА