Буфон призна „гревови“ од младоста

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, ја изненади јавноста со своето последно интервју во кое признава дека употребувал наркотици.

Буфон (40) кој им е пример и миленик на милиони фудбалски фанови, во интервјуто откри дека „пробал“ стимулативни средства во раната фаза од својата богата кариера.

„Да, пробав кога бев помлад. Иако сум воспитуван и знам дека тоа е нешто што не треба да го правам“ – изјави Буфон.

Голамнот на ПСЖ неодамна откри и дека на почетокот од својата кариера во Јувентус, страдал од депресија, дури еднаш и пропуштил натпревар заради паничен напад.

„Одеднаш се изгуби смисла. Ми се чинеше дека на никого не му е гајле за мене како личност, туку само за фудбалерот  што бев. Сите прашуваа за Буфон, никој за Џиџи“ – се присетува легендарниот голман.

Се вчитува...