Буфон: Се уште чувствувам дека сум важен во Јувентус

Легендарниот Џанлуиџи Буфон откри дека и понатаму чувствува дека е важен фудбалер во Јувентус. Италијанецот против Лече повторно беше на клупата на „старата дама“, а прв избор меѓу стативите беше Полјакот Војчех Шчешни.

„И понатаму се чувствувам важен во екипата на Јувентус. Се уште не знам со што ќе се занимавам во иднина. Кога ќе почувствувам дека повеќе не можам, тоа ќе го соопштам и ќе заминам во пензија. Во ПСЖ морав да преминам бидејќи финансиски тоа беше неверојатна понуда за мене, но еве сега повторно сум во Јувентус и ќе дадам максимум да стигнеме до трофеите сезонава“, изјави Буфон. 

Јувентус во домашното првенство се наоѓа на првата позиција на табелата со бод повеќе од второпласираниот Интер.

Се вчитува...