Буфон се враќа назад во Јувентус?

Џанлуиџи Буфон  e подготвен за враќање во Јувентус само една година откако си замина од најтрофејниот италијански клуб. Камбекот нема да биде за враќање на голот на „старата дама“, туку на директорска функција што веќе му е понудена од страна на претседателот Андреа Ањели.

Буфон беше на чекор до потпишување на нов договор со ПСЖ, но ситуацијата му се смени со елиминацијата на францускиот првак од Лигата на шампионите, особено откако тој самиот беше директен виновник за вториот гол на Манчестер Јунајтед. Сега „светците“ веќе не се толку загреани за да го задржат искусниот голман во Париз, а тој стави до знаење дека нема намера повторно да ги менува клупските бои, па доколку не потпише нов договор со ПСЖ, ќе ја заврши својата кариера.

Ањели планира да го искористи тоа и да го врати легендарниот голман назад во Торино, нудејќи му место во највисоката управа на клубот, крај Павел Недвед. Конечниот одговор на Буфон се очекува во наредниот месец, кога и дефинитивно ќе се знае дали ќе потпише нов договор со ПСЖ или ќе му каже збогум на фудбалот.

Се вчитува...