Буфон: Сега бранам подобро отколку пред пет години

Џанлуџи Буфон летово реши да го напушти Јувентус и за следна дестинација го избра ПСЖ, клубот со кој италијанскиот ветееран ќе се обиде да го оствари големиот сон – да се закити со пехарот од Лигата на шампионите. Извонредниот чувар на мрежата со добрите игри на стартот од сезоната покажа дека се уште му е рано за пензија, па и самиот Буфон е изненаден од формата во која се наоѓа.

„Разбирам колку е неверојатно, но се чувствувам дека сум во подобра форма, дека бранам подобро отколку пред пет години. Го променив методот на тренинг, но клучна според мене сепак е мотивацијата. По 40 години во Италија сега дојдов во нова земја, не знаев како ќе бидам примен од остатокот од тимот, па морав да работам напорно од првиот ден овде, бидејќи знам дека не се живее од стара слава. Проблемите отсекогаш само ме мотивирале да ги надминувам, затоа и влегов максимално фокусиран во овој предизвик и презадоволен сум од начинот на кој почна оваа нова авантура во мојата кариера“ – истакна Буфон.

Се вчитува...