Буфон, сепак, се враќа во Јувентус?

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, сепак, најверојатно ќе се врати во Јувентус, ќе брани уште една сезона во обид да стигне до трофеј во ЛШ, а потоа и конечно ќе ја заврши кариерата и ќе стане функционер во клубот. По заминувањето од Пари Сен Жермен, Буфон доби понуда од Лидс Јунајтед, тимот чиј член е Езгјан Алиоски, но исто така води преговори и за враќање во Јувентус.

Многу пореална е опцијата за да се врати во Торино и да ја заврши кариерата во клубот каде помина цели 17 сезони. Интерес за Џанлуиџи Буфон покажа и Порто, како и бразилскиот клуб Флуминенсе.

Се вчитува...