Легендарниот Џанлуиџи Буфон си ја отвори душата по новата елиминација на патот до Светско првенство за неговата Италија, и се она што се случуваше во Зеница, кога БиХ по пеналите ги елиминираш „аѕурите“.
„Тоа беше болна страница за италијанскиот фудбал и за мене. Да ми кажаа дека ова ќе се случи порано, ќе речев дека е многу полесно да се видат 1.000 вонземјани околу мене отколку Италија да не игра на три Светски првенства по ред. Но, тоа е реалноста“ – вели Буфон на оваа тема и дополнува:
„За да го надминеме ова, мора да разбереме зошто постојат проблеми и мора да се промениме. Ако сме јасни во врска со оваа анализа, имаме потенцијал да создадеме многу подобра иднина. Но, ако го негираме проблемот, тогаш тој проблем секогаш ќе биде со нас.“
Тој одговори и на прашањето за причините за падот на италијанскиот фудбал.
„Би рекол дека има три причини. Првата е глобализацијата бидејќи сега сите национални тимови се конкурентни, а просечното ниво на игра е зголемено.Второ, до пред 15 години кога победувавме, бевме тактички посилни од нашите противници. Трето, имаме фантастични играчи, но ни недостасува вистински креативен талент како Баџо, Дел Пјеро или Тоти кои во минатото не носеа да победите“ – вели Буфон.
Во секој случај, како и да е, Италија ќе го следи Светското првенство 2026 на малите екрани оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

