Буфон слави прв роденден во Париз, ПСЖ со специјален подарок

Возраста е само бројка за Џанлуиџи Буфон, кој се уште е страв и трепет за противничките фудбалери иако денеска наполни 41 година. Откако претходните 17 родендени ги славеше во Торино, тој не крие дека чувството да се биде на ваква прослава во Париз е посебно.

„Веќе се навикнав на родендени, но овој е навистина поинаков“ – напиша Буфон на својот профил на социјалните мрежи, по што следеа бројни честитки од сегашни и поранешни сограчи, ривали, како и од илјадници верни фанови на големиот ас.

А управата на ПСЖ подготви и специјален подарок за италијанскиот голман – нов договор што Буфон би требал да го потпише во најскоро време. „Светците“ се презадоволни од влијанието на Италијанецот, не само резултатски туку и врз атмосферата во тимот, па иако веќе има 41 година тие се подготвени да ја продолжат соработката со него за уште една сезона.

Се вчитува...