Буфон: Срцево ми се крши што ќе си заминам вака…

Јувентус доживеа болна елиминација од Реал Мадрид, со гол од пенал во 93.минута (1-3) во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а капитенот Џанлуиџи Буфон бесен од одлуката на судијата заработи и црвен картон. Тоа веројатно беше неговиот последен меч во ЛШ во кариерата.

„Срцево ми се крши поради заминувањето во пензија, што ќе морам да ги оставам овие одлични момци. Но, животот оди понатаму, се надевам дека ги научив на нешто добро и дека ќе имаат корист од тоа во иднина. Горд сум на тоа што го направивме во Мадрид, иако мора да се напомене дека крајот беше јаден. Ова не го заслуживме“, изјави разочарано Џанлуиџи Буфон по елиминацијата на Јувентус.

Се вчитува...