Буфон стана „светец“, потпиша за ПСЖ

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон е нов член на францускиот првак Пари Сен Жермен. Тој потпиша едногодишен договор со „светците“, со клаузула за продолжување на соработката за уште една дополнителна година, доколку бидат задоволни и двете страни.

„Прекрасно е чувството да се потпише за голем клуб како Пари Сен Жермен. За првпат во кариерата ја напуштам мојата земја и ќе бранам во странство, а тоа го правам во многу амбициозен клуб. Би сакал да се заблагодарам за довербата на раководството на клубот, пред се на претседателот Насер Ал – Келаифи. Се надевам дека со моите нови соиграчи ќе ги оствариме целите на ПСЖ и ќе славиме за успесите“, изјави Џанлуиџи Буфон.

Се вчитува...