Буфон: Стојам зад секој збор кажан за судијата Оливер!

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон истакна дека стои зад секој негов збор кој претходно го упати до судијата Мајкл Оливер кој го исклучи поради протест на мечот од четвртфиналето во ЛШ против Реал Мадрид.

Англичанецот досуди пенал во последните секунди, Кристијано Роналдо не пропушти шанса да постигне гол за полуфинале, а Буфон заработи црвен картон поради навреди кон судијата.

По мечот легендарниот голман судијата го опиша како бездушен човек кој место срце во градите носи канта за ѓубре. Беше тоа лоша навреда. Дел од светската фудбалска јавност го критикуваше и Буфон поради навредливите зборови, но Џиџи воопшто не се кае за ниту еден негов збор…

„Стојам зад секој збор кој сум го кажал. Повторно би ги изговорил, можеби само на малку поинаков начин. Понекогаш некои зборови може да звучат како погрешни или претерани, но тие директните мора да го посочат проблемот.. А, плус, тоа сум јас, јас сум Џиџи Буфон“ – вели легендарниот голман.

За Буфон натпреварот против Реал ќе биде последен во Лигата на шампионите во богатата кариера во која никогаш не дошол до трофеј во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...