Буфон: Трансферот во ПСЖ ми е „животна награда“

Џанлуиџи Буфон е убеден дека го повлекол вистинскиот потег кога наместо да се пензионира реши да потпише договор со ПСЖ, нарекувајќи го овој трансфер „животна награда“ за посветеноста кон спортот во текот на целата кариера.

Имав решено да ја завршам кариерата, одлука донесена во главата. Си помислив дека би се премислил само ако дојдат ПСЖ, Реал ил Барселона со понуда, а кратко време подоцна ми се јавија од ПСЖ. Тој повик дојде во мај, не верував дека може да се случи, но кога веќе добив понуда секако дека ја прифатив, но и почнав напорно да работам за да бидам на високо ниво уште година или две бидејќи не сакам да се посрамотам. За мене трансферот во ПСЖ е животна награда, бидејќи се однесував како професионалец цела кариера“ – истакна Буфон.

Кај сите во клубот предводени од највисокото раководство е огромна желбата конечно да се стигне до пехарот во ЛШ, но Буфон многу добро знае дека тоа никако не смее да прерасне во опсесија.

„ПСЖ има стигнато само до четвртфиналето, значи треба да направиме најмалку еден чекор напред во оваа сезона. Сите сакаме да сме европски шампиони, верувајте, јас 24 години се обидувам и се уште не ми успеало. Јас најдобро знам колку е тешко и токму затоа на сите им велам дека не смее да прерасне на опсесија во клубот“ – порачува италијанскиот ветеран.

Се вчитува...