Буфон: Треба да си животно, а не човек, за да судиш такво нешто во 93. минута!

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон не го дочека крајот на мечот на „Сантијаго Бернабеу“ откако доби директен црвен картон поради жестокиот протест кон Англичанецот Мајк Оливер по досудениот контроверзен пенал за Реал Мадрид.

„Бев многу блиску, како и судијата Оливер и тој помошниот зад голот. Ако судиш таков пенал во 93. минута тогаш си животно, а не човек. Не знам што да кажам… Но, добро животот оди понатаму. Горд сум како одигравме, направивме нешто за кое многумина мислеа дека е невозможно. Секогаш ќе бидеме горди на овој натпревар“ – вели Буфон.

Интересно, но дури и Шпанците во своите анализи пишуваат дека пенал немаше…, консултирајќи повеќе повеќе поранешни шпански судии.

„Немаше доволно контакт за најстрога казна. Бенатија дури и ја допре топката“ – вели поранешниот судија Андухар кој коментира за шпанска „Марка“. Со него се согласува Итуракде Гонзалез…

„Нема доволно елементи за пенал. Тоа полесно се гледа вака кога се гледа снимката“.

Се вчитува...