Буфон веќе зажали за Роналдо: Ние двајца многу можевме…

Џанлуиџи Буфон пред неколку месеци ја донесе најтешката одлука во кариерата – по долги години да си замине од Јувентус и да стави крај на авантурата како член на најтрофејниот италијански клуб. Легендата се прости од „старата дама“ и веќе в понеделник се очекува да потпише за ПСЖ, во обид да ја оствари големата желба – да се закити со титулата во Лигата на шампионите.

Само што, Буфон уште незаминат за Париз почна да жали за Јувентус – откако стана јасно дека „старата дама“ во своите редови ќе го донесе Кристијано Роналдо. Токму Португалецот стави крај на сонот наречен ЛШ на Буфон во претходните две сезони, во 2016 во финалето, во 2017 во четвртфиналето, на ветеранот како да му стана јасно дека со „старата дама“ тешко дека може да атакува на тронот на Европа, реши да си замине и да се пресели во дрим-тимот од „Паркот на принцовите“ во Париз.

Со Роналдо сега приказната во Јуве е поинаква, не само што се има фудбалер од највисока класа, туку и играч кој е роден победник и кој веќе има бројни трофеи од Лигата на шампионите. Заедно со Дибала, Даглас Коста, Кјелини, Пјаниќ… Јуве ќе има екипа што може да се носи буквално со секој ривал, па и со новиот дрим-тим на Буфон во Франција.

Ветеранот од сегашна перспектива, речиси сигурно ќе повлечеше поинаков потег ако имаше барем најава за мега-трансферот на Роналдо во Јувентус, вака му останува пред завршувањето на кариерата за првпат да си ја проба среќата во странство.

Се вчитува...