Буфон во Париз: Имам 40 години, но се уште сум во топ-форма

Џанлуиџи Буфон својата кариера ја продолжува во ПСЖ, а италијанскиот ас на својот прв ден на „Паркот на принцовите“ јасно стави до знаење дека нема намера да има само епизодна улога во својот нов клуб. Иако се наоѓа на залезот на кариерата, екс-голманот на Јувентус е оптимист дека ќе биде прв избор на голманската позиција на новиот тренер Томас Тухел.

„Никој ми нема ветено дека ќе бидам прв голман, но јас верувам во себе. Имам 40 години, но физички и психолошки сум подготвен максимално, за да докажам дека можам да бранам на највисоко ниво. Пресреќен сум што доаѓам во ПСЖ, ова е интересен почеток на една нова авантура. Чувствувам посебна енергија, не знам дали е до магијата на Париз, ентузијазмот на навивачите, или пак управата што толку многу ме сакаше… Како и да е, јас ќе сторам се за да ја оправдам нивната доверба“ – изјави Буфон.

Тухел ќе треба да донесе одлука за голманската позиција, на која покрај Италијанецот атакуваат Ареола и Трап, па еден од нив сигурно ќе си замине од Париз до крајот на летово.

Се вчитува...