Бугарија ќе не пречека во Разград во Лигата на нации

Репрезентацијата на Македонија на почетокот на јуни го започнува циклусот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023. Нашата најдобра селекција предводена од Благоја Милевски се наоѓа во групата Ц каде што силите ќе ги одмери со репрезентациите на Бугарија, Грузија и Гибралтар.

Првиот меч го играме на 2. јуни на гостински терен против репрезентацијата на Бугарија, на Хувефарма Арена во Разград. Нашите фудбалери на 24. март ќе гостуваат кај Италија, во баражот за пласман на Светското првенство 2022 година што ќе се одржи во Катар.

КАЛЕНДАР ЗА ЛИГА НАЦИИ: 

2. јуни 2022. Бугарија – Македонија (20:45)

5. јуни 2022. Гибралтар – Македонија (18:00)

9. јуни 2022. Македонија – Грузија (20:45)

12. јуни 2022. Македонија – Гибралтар (18:00)

23. септември 2022. Грузија – Македонија (18:00)

26. септември 2022. Македонија – Бугарија (20:45)

Се вчитува...