Бугарија остана без селектор во неочекуван момент

Бугарија во неочекуван момент мора да менува селектор на фудбалската репрезентација откако Александар Димитров самиот си поднесе неотповиклива оставка среде овој „прозорец“ во кој селекциите го почнуваат настапот во новото издание на Лигата на нации.

Бугарите во првото коло загубија дома од Луксембург, во второто ремизираа 0-0 со Естонија, притисокот од јавноста и од навивачите беше огромен, по што Димитров реши самиот да се повлече од функцијата.

„Одигравме хаотичен натпревар. Мојот план не беше спроведен, а во нападот не успеавме да создадеме притисок врз противникот. Тоа јасно ми кажува дека ја загубив довербата кај играчите. Му благодарам на Фудбалскиот сојуз за укажаната можност“, изјави Димитров.

Бугарите експресно најдоа замена, па така на преостнаатите две средби од овој прозорец селекцијата на нашиот источен сосед ќе биде предводена од Атанас Рибарски.

Станува збор за стратег кој досега ја водеше У19 селекцијата на Бугарија, кој ќе седи на клупата на А-тимот на гостувањата против Исланд (3 октомври) и Луксембург (6 октомври), а во зависност од играта и резултатите би можел да остане на кормилото и подолг период.

Се вчитува...