Бугарите, сензационално, паднаа во Софија: Германците во четвртфинале на ЕвроВолеј 2026

Одбојкарите на Бугарија не успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Европското првенство 2026, откако сензационалистички загубија со 3-2 од Германија во феноменален осминафинален натпрева.

А, се почна одлично за домашните кои ги добија првите два сета со 25-21 и 25-21. Германците вратија со 25-19 и 25-23, за да во решавачкиот петти сет Германците слават со 15-12.

Актуелниот светски вицешампион на тој начин разочара 15.000 свои навивачи во арената во Софија.

Најефикасен кај победникот беше Ерик Рерс со 20 поени, додека Антон Бреме реализираше 14 поени, а кај Бугарија, Александар Николов запиша 23 поени.

Полска, пак, без поголеми проблеми се пласираше во четвртфиналето победувајќи ја Летонија со убедливи 25-17, 25-16 и 25-16.

За Полска ова е уште еден сигурен чекор кон одбрана на европската титула. Во четвртфиналето, избраниците на Никола Грбиќ ќе играат против Германија.

Се вчитува...