Бујамин Асани во Победа, Мухамед Усеини во Ренова

Македонскиот прволигаш Победа во финишот на зимскиот преоден рок се засили со Бујамин Асани. Левиот бек кој во минатото играше за Шкупи и за Работнички, потпиша шестмесечен договор со Победа, со можност за продолжување на соработката за дополнителна една сезона доколку бидат задоволни и двете страни.

Ренова успеа да го врати во своите редови Мухамед Усеини. Играчот за врска играше во албанскиот тим Фљамуртари, но одлучи да се врати во македонското првенство и во иднина ќе го носи дресот на „гипсарите“.

Тимот од Џепчиште за пролетниот дел од сезоната се засили и со српскиот голман Урош Ѓокиќ кој доаѓа од суперлигашот Динамо Врање.

Се вчитува...